На пристаниште во Франција запленети 4 тони кокаин, вреден 225 милиони евра
Француски цариници заплениле речиси 3,9 тони кокаин, со проценета вредност од 225 милиони евра, во пристаништето Данкерк на северот на земјата, соопшти француското обвинителство за организиран криминал.
Кокаинот бил скриен во пластичен контејнер за отпад кој пристигнал од Гана. Пратката била делумно наменета за белгиското пристаниште Антверпен.
Дрогата е веќе уништена, а француското обвинителство отвори истрага.
Француската правосудна полиција ја таргетираше криминалната мрежа за која се тврди дека стои зад пратката уште пред заплената.
Меѓу обвиненијата од истрагата се и организирано внесување на наркотици и учество во злосторничко здружување, за што на сторителите им се заканува казна затвор до 10 години.
Француската царина заплени 108,81 тони наркотици на национално ниво во 2025 година, вклучувајќи ги сите видови дрога, со проценета вредност од 2,197 милијарди евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На пристаниште во Франција запленети 4 тони…
Француски цариници заплениле речиси 3,9 тони кокаин,…
ВМРО-ДПМНЕ: Се докажа дека нема ништо незаконски…
По обелоденување на сите информации за проектот…
Зеленски: Штом ќе слушнат дека преговараме, Русија…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев…
Се спрема теренот за избор на нов…
Советот на јавните обвинители денеска ќе одржи…
Франција: Родител на ученик осуден на шест…
Таткото на ученик од петто одделение е…
