Нов напад во Ормускиот Теснец: Ракетирани два брода кај брегот на Оман
Два трговски брода биле мета на нов напад во акваторијата на Ормускиот Теснец, потврди Британската организација за поморски трговски операции (UKMTO).
Инцидентот бил забележан од капетан на друг брод кој се наоѓал во близина. Тој пријавил дека видел „четири проектили од непознат вид“ како ги погодуваат двете пловила на околу седум километри западно од Хасаб, во близина на Оман.
Како последица на ударот, на еден од бродовите избувнал пожар, додека за состојбата и штетите на вториот брод за сега нема прецизни информации. Засега ниту една група или држава не презеде одговорност за овој напад.
Поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец е во речиси целосен прекин и е сериозно нарушен поради ескалацијата на иранско-американскиот конфликт. Техеран упатува отворени закани и изведува напади врз сите возила што се обидуваат да транзитираат без официјално иранско одобрение. Овој морски премин е од стратешко и витално значење за глобалниот извоз на нафта, природен гас и вештачки ѓубрива од земјите од Персискиот Залив.
И покрај постојаните закани и инциденти, американските медиуми пренесуваат дека американските воени сили во повеќе наврати успешно спровеле конвои со трговски бродови низ Теснината, движејќи се покрај брегот на Оман.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов напад во Ормускиот Теснец: Ракетирани два…
Два трговски брода биле мета на нов…
Пронајдено и казнето лицето кое фрлаше вреќи…
Општина Дебар информира дека лицето кое фрлаше…
Kaматите на Американските обврзници на чекор од…
На светските финансиски пазари се приближува граница…
Над 615.000 автомобили во Македонија: Дизел-возилата остануваат…
Бројот на патнички автомобили во земјата само…
Меркел им порача на Германците дека „нема…
Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, синоќа ги…