Порше ѝ го продаде својот удел во „Бугати Римац“ на американска компанија за милијарда евра
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја заврши продажбата на своите удели во „Бугати Римац“ и во хрватската „Римац груп“, откако трансакцијата доби одобрение од надлежните регулаторни тела.
Купувач е инвестициски конзорциум предводен од американската компанија „ХОФ капитал“, во кој учествува и „Блуфајв капитал“ од Абу Даби, како и други институционални инвеститори од САД и од Европа.
„Порше“ досега поседуваше 45 проценти од заедничката компанија „Бугати Римац“ и околу 21 процент од „Римац груп“.
Со продажбата, германската компанија ќе добие околу една милијарда евра. Од оваа сума, 250 милиони евра ќе бидат искористени за дополнително финансирање на пензиските обврски на компанијата.
Договорите за трансакцијата биле потпишани во април, а продажбата официјално била завршена на 9 септември.
„Порше“ соопшти дека повлекувањето од сопственичката структура на „Бугати Римац“ е дел од стратегијата за поголема сосредоточеност на основната дејност – производството на спортски автомобили.
По приливот од продажбата, компанијата ја зголеми прогнозата за нето-паричната маржа во автомобилскиот сегмент за 2026 година, од претходните три до пет проценти, на 5,5 до 7,5 проценти.
„Бугати Римац“ беше основана во 2021 година како заедничка компанија на „Римац груп“ и „Порше“. Хрватската компанија имаше мнозински удел од 55 проценти.
По завршувањето на трансакцијата, основачот Мате Римац останува една од клучните личности во управувањето и во натамошниот развој на производителот на хиперавтомобили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Косовец со швајцарска дозвола и „Порше“ летал…
На 14.03.2024 од 20.00 до 22.00 часот,…
19 годишен возач од Скопје излета со…
Денеска (26.11.2023) во 03.25 часот било пријавено…
(Фото) Сообраќајна несреќа во Аеродром: Порше заврши…
Сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 20…