Босанец (29) со нож и пиштол им се заканувал на минувачи кај Колосеумот во Рим
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е уапсен 29-годишен турист од Босна и Херцеговина откако им се закануваше на минувачи со пиштол и со нож.
Во неговата хотелска соба се пронајдени неколку куршуми за пиштолот, кој веќе беше наполнет со 12 куршуми, објави „Кориере дела сера“.
Полицијата во неговата хотелска соба пронајде и психоактивни супстанции – кетамин и хашиш.
Весникот наведува дека државјанинот на БиХ се закануваше со пиштол и предизвика паника меѓу минувачите во центарот на Рим, во близина на Колосеумот и плоштадот Венеција.
Тој е уапсен откако туристи го пријавија, а при апсењето пружаше отпор и се обиде да побегне.
Во хотелот во Рим престојуваше со својата девојка (30), државјанка на Хрватска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босанец (29) со нож и пиштол им…
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…