Едно лице загина, три се повредени: МВР за тешката сообраќајка на патот Гостивар–Стража во која загина младиот фудбалер од Тетово

t

Едно лице загина, а три се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Гостивар–Стража, соопшти МВР.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 22:55 часот во СВР Тетово. Во неа учествувале две патнички возила „голф“.

Едниот „голф“, со гостиварски регистарски ознаки, бил управуван од 34-годишниот А.И. од село Чегране, а негов сопатник бил 28-годишниот Х.К. од Гостивар. Со второто возило, со тетовски регистарски ознаки, управувал 21-годишниот Д.Н. од Тетово, а сопатник била 21-годишната Ф.Ј., исто така од Тетово.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош на местото на несреќата била констатирана смрт кај возачот Д.Н.

Останатите три лица биле пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар, каде што им биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма на летот за Софија: Дојава за…

Патнички авион на авиокомпанијата „Виз ер“ (Wizz…

АЛТА БАНКА има преку 30 милиони евра…

Продажба на Алта Банка А.Д Битола на…

Пожар во куќа во Карпош

Вчера изутрината бил пријавен пожар во куќа…

Двајца возачи уапсени за безобѕирно управување: Едниот…

Во текот на изминатото деноноќие, на различни…

Еве како победи ДУИ во Брвеница: Полн…

Гласачи од дијаспората дошле со авион за…