Дожд и засилен ветер го зафатија западниот дел од земјата

t

Според најновите радарски податоци, делови од Дебарскиот и Тетовскиот регион се зафатени со нестабилно време, проследено со врнежи од дожд, засилен ветер и ретки грмежи.

Метеоролошката нестабилност се движи од запад кон исток, поради што во текот на наредните часови се очекува променливо време и во други делови од државата.

Надлежните препорачуваат граѓаните да бидат внимателни, особено доколку се движат или престојуваат на отворено, бидејќи локално се можни нагли промени на временските услови.

Возачите, исто така, се повикуваат на зголемена претпазливост поради можната намалена видливост и влажните коловози во подрачјата погодени од врнежите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дожд и засилен ветер го зафатија западниот…

Според најновите радарски податоци, делови од Дебарскиот…

Едно лице загина, три се повредени: МВР…

Едно лице загина, а три се повредени…

Николоски: Ветерни паркови, нов аеродром и когенеративни…

Владата е рамноправен партнер на домашните компании…

Мицкоски најави нови случаи на корупција: „Ги…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека се следат…

Ја фрлил торбата со 17.500 евра и…

Помошник-директор во Царинската управа е осомничен дека…