(Видео) Се појави снимка од подметнувањето на пожарот во Шуто Оризари
На социјалните мрежи се појави видеоснимка на која, според објавените информации, е забележан моментот на подметнување на големиот пожар во трговски центар во скопската општина Шуто Оризари.
На снимката, објавена од „Рома њуз“, се гледаат две маскирани лица кои пристигнуваат со електрични тротинети до дуќаните. Потоа, тие наводно ги полеваат излозите со запалива течност и ги палат, по што огнот почнува да се шири.
Во големиот пожар беа зафатени и изгореа 20 дуќани во трговскиот центар.
Надлежните институции го истражуваат случајот и треба да ги утврдат сите околности поврзани со пожарот, како и идентитетот на лицата кои се гледаат на снимката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…