Објавено на:

„Њујорк тајмс“: Ирански екстремисти без знаење на властите нападнале бродови во Ормуз

t

Група ирански поддржувачи на тврдата линија извела напади врз бродови во Ормуската Теснина на почетокот на јули, без знаење на иранските власти, па дури и без знаење на командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), со што практично беа завршени мировните напори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, пишува денеска „Њујорк тајмс“.

Повикувајќи се на ирански официјални лица, весникот детално опишува како иранскиот претседател Масуд Пезешкијан бил изненаден од нападот и како луто му се јавил на командантот на ИРГЦ, генералот Ахмад Вахиди, кој му рекол дека не ги одобрил тие удари, ниту пак знаел однапред за нив.

Како што се наведува, Врховниот совет за национална безбедност немал сознанија за нападите, кои предизвикаа одговор од САД и го прекршија Меморандумот за разбирање меѓу Техеран и Вашингтон, чија цел беше ставање крај на војната.

Според наводите на весникот, способноста на таа маргинална тврдокорна група да влијае врз безбедносните сили произлегла од вакуумот во раководењето, настанат како последица на фактот што врховниот водач, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, не се појавувал во јавноста откако ја презеде власта откако неговиот татко Али Хамнеи загина на почетокот на војната.

Изворите наведуваат дека тој инцидент довел до некои од најсериозните несогласувања меѓу иранските лидери во последно време, при што неколкумина од нив се заканиле со оставка.

Како водач на таа екстремна фракција е означен верскиот великодостојник и поранешен шеф на разузнавачката служба на ИРГЦ, Хосеин Таеб, кој неодамна беше именуван за командант на милицијата Басиџ. Тој го предводеше разузнавачкиот огранок на Иранската револуционерна гарда речиси деценија и пол, сè до јуни 2022 година, кога ненадејно беше сменет.

Причините за неговата смена никогаш не беа разјаснети, иако неговото заминување се совпадна со протекувањето информации за наводниот заговор чија мета беа Израелци во Турција.

Со оглед на тоа што долго важеше за личност блиска до Моџтаба Хамнеи, именувањето на Таеб се толкува како знак за подготвеноста на властите да спречат повторување на масовните протести кои избувнаа во јануари годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк тајмс“: Ирански екстремисти без знаење на…

Група ирански поддржувачи на тврдата линија извела…

Приведен 27-годишен кавадарчанец со 2,42 промили алкохол…

Дваесет и седумгодишен жител на Кавадарци бил…

На изборите во Брвеница ќе се бира…

Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување…

Албин Курти повторно е мандатар за состав…

Лидерот на Движењето Самоопределување и премиер на…

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа

Три лица во Холандија починале во последните…