На влезот во Кочани поставен и осветен 17-метарски крст во спомен на жртвите од „Пулс“
На самиот влез во Кочани, во непосредна близина на дискотеката „Пулс“, поставен е спомен-крст висок 17 метри и широк 12 метри, во чест на 63-те лица што ги загубија животите во трагедијата од 16 март 2025 година.
Крстот беше осветен од митрополитот Брегалнички Иларион, заедно со свештенослужителите од храмот „Св, великомаченик Георгиј“ во Кочани. Во својата порака, митрополитот нагласи дека обележјето ќе остане траен симбол на сеќавањето, болката и страдањето предизвикани од настанот, и изрази молитви за здравје, сила и поткрепа за повредените.
Изградбата на спомен-крстот е реализирана со поддршка на Брегалничката епархија, општествено одговорни компании и Општина Кочани. Општината ја обезбеди проектната документација и потребното одобрение за поставување на обележјето.
Трагедијата во „Пулс“ се случи на 16 март 2025 година, кога во разорен пожар загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Спомен-крстот на влезот во Кочани ќе остане како траен белег на најтешката несреќа што го погоди градот, место за сеќавање на згаснатите животи и потсетник на болката што остана зад нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пожар на гасна платформа во Иран:…
Пожар избувна на платформата SPD14D во рамките…
Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства:…
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес…
МОН најавува поголема поддршка за науката: Пристап…
Министерството за образование и наука соопшти дека…
Трамп рече дека не планира нови напади…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира…
Над 90 уапсени во Србија за две…
Повеќе од 90 лица се уапсени во…