(Видео) Рамадан Шерифи, кој го постигна првиот гол за ФК Дрита Боговиње на дуелот со Јехона го посвети на фудбалерот Даниел Николовски

t

Фудбалската јавност во Македонија е во шок по трагичната вест за смртта на младиот 21-годишен фудбалер Даниел Николовски. Тетовскиот талент го загуби животот синоќа во тешка сообраќајна несреќа што се случила на патниот правец од клучката за Маврово кон Гостивар.

​Николовски бележеше забележителен развој во својата кариера. Инаку дете на Тетекс, тој го облече и сениорскиот дрес на „текстилците“, за кои забележа 38 настапи и постигна пет погодоци. Меѓутоа, посебно ќе се памети неговиот голгетерски бран во пролетниот дел од сезоната 2021/22, кога во младинската категорија на Тетекс постигна неверојатни 32 гола.

​Покрај матичниот клуб, тој настапуваше и на интернационалната сцена во редовите на германскиот нисколигаш Релинген Фремерсдорф и хрватскиот тим Хрватски Витез од Задар, додека летово пристигна како големо засилување за амбициозниот третолигаш Дрита од Боговиње.

Рамадан Шерифи, кој го постигна првиот гол за ФК Дрита Боговиње на дуелот со Јехона (7:1) го посвети на фудбалерот Даниел Николовски (21) кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Даниел летово се приклучи на екипата на Дрита Боговиње.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јутјуберот Богдан Илиќ ќе добие кривична –…

Според Кривичниот законик на Србија, на Богдан…

Лајен: Неопходен е прекин на огнот во…

Прекин на огнот во Украина е од…

ЕВН Хоум го објави новиот тендер за…

ЕВН го распиша новиот тендер за набавка…

Пожарот кај Бит-пазар ставен под контрола, зафатени…

Пожарот што избувна во куќи во близина…

ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните…

На прашањето дали отсуството на Северна Македонија…