Угинување на риба во реката Треска, се бараат итни анализи на водата

t

Од СРЗ „Хантер Фиш“ синоќа преку социјалните мрежи пријавија угинување на риба во реката Треска и побараа итна реакција од надлежните институции и детално утврдување на причините за случајот.

Од здружението велат дека состојбата е загрижувачка и дека мора веднаш да се проверат сите можни причини за угинувањето на рибата, особено можноста за загадување или друга интервенција што би можела да го загрози живиот свет во реката.

Оттаму бараат веднаш да се земат примероци од водата и од угинатата риба, по што да се направат лабораториски анализи за да се утврди причината за угинувањето.

Исто така, од СРЗ „Хантер Фиш“ нагласуваат дека мора да се преземат конкретни чекори за заштита на реката Треска и нејзиниот жив свет.

„Водата е богатство на сите нас, а реката Треска е еден од најважните водни екосистеми во Кичево. Секое загадување, труење или друга интервенција која го загрозува животот во реката мора да биде детално испитана и да се утврди причината и одговорноста.Не смееме да дозволиме уште еден ваков случај да помине без одговор.Реката Треска не е канал за отпад – таа е живот“, порачаа од здружението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Угинување на риба во реката Треска, се…

Од СРЗ „Хантер Фиш“ синоќа преку социјалните…

(Видео) Брегот на Охридското Езеро полн со…

Веќе неколку дена на брегот на Охридското…

Зголемени нивоата на реките, Треска речиси осум…

Нивоата на реките се драстично зголемени по…

Лигни, шкампи, ракчиња, бејби биф, риби… Функционерите…

Службата за општи и заеднички работи на…

Цијаниди, тешки метали, амонијак пронајдени ов водата…

Утврдени се недозволени материи во водата во…