Четири милиони евра во возила и опрема, поддршка од ЕУ за Царинската управа за борба против организиран криминал и недозволена трговија
Царинската управа доби поддршка од Европската Унија во вредност од 4 милиони евра. 21 возило за мобилната единица и 5 за единицата К-9 и форензичката опрема ќе ги зајакнат капацитетите на царината за борба против организираниот криминал што влијае на трговијата и синџирите на снабдување, соопштија од делегацијата на ЕУ во земјава.
„Со зголемувањето на трговијата, се зголемува и нелегалното движење на стоки, возила и луѓе, што ги прави методите на царинска измама и шверц пософистицирани. Затоа е важно системите за царинска контрола да се зајакнат за да се спречат и откријат царински измами и нелегална трговија со стоки, а воедно да се олесни трговијата и да се постигне вистинско партнерство со деловната заедница“, се вели во соопштението на Делегацијата на ЕУ.
Како што информираат оттаму, ИТ опремата е поврзана со надградената серверска просторија во главното седиште на царината, додека софтверот поставува нов унифициран систем на корисници за управување со економските оператори во земјата, т.е. единствен број за регистрација и идентификација (ЕБРИ) и дигитален потпис. Овие капацитети за царинење финансирани од ЕУ им ја олеснуваат работата на компаниите со ЕУ.
„ЕУ е најголемиот трговски партнер на Северна Македонија, сочинувајќи 76% од нејзиниот извоз. Побрзото движење на стоките им помага на бизнисите да се справуваат со царинските процедури поевтино и поефикасно, но исто така ги прави границите побезбедни“, оценуваат од Делегацијата на ЕУ.
Проектите финансирани од ЕУ имплементирани во корист на Царинската управа изнесуваат 25 милиони евра. Листата на проекти, која го вклучува и царинскиот терминал на граничниот премин Табановце, е дел од барањата за пристапување за усогласување со Царинската унија на ЕУ како единствена трговска зона. Оваа поддршка ѝ помага на царината целосно да се подготви откако границите на земјата ќе станат граници на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четири милиони евра во возила и опрема,…
Царинската управа доби поддршка од Европската Унија…
Превозниците нема да ги блокираат границите, ќе…
По остварена средба со претставници на дел…
ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…
Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…
Предложен е притвор за заменик-директорот на Царина,…
Постапувајќи по пријава од граѓанин, јавен обвинител…
Камионџиите од регионот најавуваат блокада на граничните…
Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина…