Тешко повреден полицаец од Фронтекс, го удрило товарно возило со крадени дрва

t

На 13.09.2026 околу 12:30 часот во с.Банско, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село, додека извршувале службени дејствија со полициски службеници од Фронтекс, забележале товарно возило „форд транзит” со струмички регистарски ознаки, натоварено со дрва, а го управувал Ф.И.(33) од с.Банско.

При обид да извршат контрола на Ф.И. и возилото, Ф.И. го придвижил возилото и удрил во полициски службеник од Фронтекс од Полска, а потоа и во трактор „имт”, управуван од Ѓ.М.(52) од с.Банско. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле полицискиот службеник и возачот Ф.И., констатирани во Медицински центар Струмица.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека возачот на тракторот Ѓ.М. го управувал возилото без положен возачки испит, додека возачот на товарното возило „форд транзит” Ф.И. е лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешко повреден полицаец од Фронтекс, го удрило…

На 13.09.2026 околу 12:30 часот во с.Банско,…

Ноќ на масовни напади: Погодена пумпа во…

Русија и Украина во текот на ноќта…

„Сите коалиции нè оставија на половина пат“…

Претседателот на Албанската лига, Зијадин Села, во…

Мицкоски со владина делегација во САД: Планирани…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, со владина делегација…

(Фото) Иран се мобилизира – формира 1000…

Иранската кампања „Џанфадаи Иран“ најави план за…