Исчезна 32-годишен скопјанец во Охрид, на плажата пронајдени неговите алишта и мобилен телефон
Полицијата и спасувачките екипи трагаат по 32-годишен скопјанец кој исчезнал додека престојувал со својот татко во автокамп во Охрид.
Според информациите од полицијата, на 14 септември 2026 година, околу 18:10 часот, во СВР Охрид случајот го пријавил З.С. од Скопје. Тој пријавил дека неговиот син Б.С. (32), со кого престојувал во автокамп, го напуштил кампот, по што му се изгубила трагата.
Таткото подоцна на плажата пронашол дел од алиштата на својот син, неговиот мобилен телефон и гумен чамец.
Веднаш по пријавата започнала потрага. Полициски екипи од Езерската полиција и СВР Охрид, заедно со членови на Спасителската планинарска служба и нуркачки тим од Нуркачкиот клуб „Охрид“, го пребаруваат теренот.
Потрагата се одвива и во водите на Охридското Езеро и на копно, со цел пронаоѓање на 32-годишниот скопјанец и целосно расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исчезна 32-годишен скопјанец во Охрид, на плажата…
Полицијата и спасувачките екипи трагаат по 32-годишен…
606 прекршоци и одземени 18 електрични тротинети…
Секторот за сообраќајни работи при МВР во…
Тешка сообраќајка во струмичко, загина возач на…
На 14.09.2026 во 10:40 часот во СВР…
88-годишен велосипедист е тешко повреден во сообраќајка…
На 13.09.2026 околу 18:10 часот во ОВР…
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…