Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска го повика Иран да престане со дестабилизирачките активности во регионот, да не го проширува конфликтот во Ирак преку своите посредници и веднаш да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина.
За време на заедничката прес-конференција со ирачкиот премиер Али ал-Заиди во Берлин, Мерц истакна дека двајцата лидери разговарале за случувањата во регионот, вклучително и за влијанието на војната меѓу САД и Иран.
– Поддршката на Техеран за посредниците низ регионот мора да престане. Секојдневно ги гледаме последиците; исто така го повикуваме Иран да не го проширува конфликтот понатаму во Ирак – рече Мерц. Тој додаде дека Иран конечно мора да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина и пред сè да ја запре својата воена нуклеарна програма, нагласувајќи дека Берлин ги поддржува напорите на ирачката vлада за разоружување на милициите поддржани од Техеран.
Германскиот канцелар и ирачкиот премиер го разгледаа и влошувањето на безбедносната состојба во Црвеното Море, каде што Хутите ја проширија контролата долж јеменскиот брег, го зазедоа островот Мајун во близина на протокот Баб ел Мандеб и напаѓаат енергетски објекти во Саудиска Арабија. Мерц предупреди дека меѓународната заедница не може да дозволи Хутите да го држат поморскиот сообраќај како заложник, додавајќи дека во рамки на Европската Унија и со регионалните партнери се разгледува каков придонес може да се даде за ставање крај на конфликтот.
Во однос на германската воена советодавна и обучувачка мисија во Ирак, Мерц потврди дека таа завршува на 30 септември на барање на Ирак, но нагласи дека Берлин останува подготвен за продолжување на воената соработка и идна поддршка согласно желбите на властите во Багдад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…
САД нудат награда од 20 милиони долари…
Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…