Исчезна скопјанец во Охрид: Пронајдени само неговиот телефон и чамецот на плажа!
Голема спасувачка акција е во тек на Охридското Езеро по исчезнувањето на 32-годишен скопјанец. Откако на плажата биле пронајдени неговите лични работи и гумен чамец, во потрагата итно се вклучија полицијата и нуркачки тимови.
Драмата започнала откако неговиот татко, З.С. од Скопје, на 14 септември во 18:10 часот пријавил во полиција дека неговиот син Б.С. се оддалечил од автокампот каде што престојувале. По оваа пријава, веднаш е вклучен алармот кај сите надлежни служби. Набргу потоа, на една од плажите биле пронајдени дел од неговата облека, мобилниот телефон и гумен чамец, што дополнително го зголемило сомнежот и ја забрзало акцијата.
Во опсежната акција за пронаоѓање на младото момче веднаш се вклучени повеќе институции. На терен се полициски службеници од Езерската полиција и СВР Охрид, кои детално го чешлаат крајбрежјето. Поддршка во пребарувањето на водите и околниот терен даваат и членовите на Спасителната планинарска служба, како и специјализираниот нуркачки тим од клубот „Охрид“.
„Надлежните служби интензивно ги пребаруваат водите на Охридското Езеро и околниот терен со цел пронаоѓање на исчезнатиот скопјанец и утврдување на сите околности поврзани со случајот.“
Потрагата продолжува без прекин. Сите расположливи ресурси се на терен со надеж за брзо лоцирање на момчето и расветлување на мистериозното исчезнување кое ја вознемири јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…
„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…
Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…
СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…
Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…