Новите построги правила за боледување прифатливи за матичните лекари и дел од синдикатите
Предлогот на Фондот за здравствено осигурување за контрола на евентуалните злоупотреби на боледувањата треба да помине на Управен одбор во ФЗОМ а потоа да се добие зелено светло до Министерството за здравство.
Ваквиот потег наиде на одобрување кај дел од матичните доктори со објаснување дека треба да с естави крај на системот на злоупотреби да се земаат боледувања а да се оди на одмор или да се вршат приватни работи на сметка на лажни боледувања вели доктор Лидија Чолакова. Потенцира дека како систем постоел и во времето на СФРЈ и дека истиот е добар механизам за да се зацврсти статусот на матичниот доктор. Појаснува дека има и случаи каде работодавачите бараат контрола на издадено боледување но и ситуација кога работодавачот не му овозможува одмнор на работникот кој потоа посегнува кон лекарско кое ако не му го издаде матичниот истиот се испишува и заминува кај друг матичен.
Лилија Чолакова Дервишова – претседателка на Здружение на приватни матични лекари
– Од Независниот синдикат на здравствени работници велат дека предлогот е добар и дека истиот ќе овозможи да се види кој прави злоупотреба на системот а за кои ФЗОМ потоа е принуден да плаќа за некој да оди на летување на сметка на издадено боледување.
Со идејата ќе се воиспостави систем на контрола на злоупотребите кои се наталожени во државата а з акои Фондот потоа исплаќа пари вели во телефонски разговор директорот на ФЗОМ, Златко Перински. Појаснува дека целта е да се воспостави функционален систем а притоа да се направи и контрола на буџетските пари кои треба да ги добиваат тие на кои навистина им е потребно боледувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новите построги правила за боледување прифатливи за…
Предлогот на Фондот за здравствено осигурување за…
Во Скопје се одржа собир за поддршка…
Во претсрет на утрешното објавување на конечната…
Исчезна скопјанец во Охрид: Пронајдени само неговиот…
Голема спасувачка акција е во тек на…
Мерц го повика Иран да не го…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска го повика…
Ѓорѓиевски: До Нова година ќе завршиме три…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави интензивна…