Со заем од 46 милиони евра ќе се подобруваат условите во затворите

t

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа , Томаш Бочек, на која беа разгледани активностите за реализација на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија“.

„Проектот, кој се реализира со заем од ЦЕБ во износ од 46 милиони евра, има за цел унапредување на условите во казнено-поправните установи и обезбедување на современи услови за сместување, здравствена заштита, хигиена, работни и слободни активности на осудените и притворените лица, во согласност со европските стандарди“, велат од Министерството за правда.

Се додава дека активностите во текот на 2026 година продолжуваат согласно предвидената динамика. Во јули 2026 година е склучен и договор за стручен надзор над изградбата, додека постапката за избор на изведувач за изградбата на предвидените објекти е во тек.

Министерството за правда уверува дека останува посветено на унапредување на системот за извршување на санкциите и создавање современи и европски услови во казнено-поправните установи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со заем од 46 милиони евра ќе…

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба…

(Видео) Шокантни сцени: Илјадници луѓе ослободени од…

Илјадници луѓе, вклучително и жени и деца,…

Владата назначи нови директори на затворите низ…

Денеска Владата на Република Македонија одржа редовна…

Се празнат затворите во Албанија, стапи на…

Во Албанија од денеска почнува имплементацијата на…

Условите во затворите се нечовечки, итно е…

Мизерни, катастрофални и супстандардни услови за издржување…