Гренел: Судиите во Хаг се левичарски лудаци, пресудата е скандалозна
Специјалниот пратеник на американскиот претседател и поранешен специјален пратеник за преговорите меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел, жестоко го критикуваше Хашкиот трибунал за пресудата за поранешниот косовски претседател и некогашен лидер на УЧК, Хашим Тачи.
Нарекувајќи ја пресудата за 25 годишна затворска казна скандалозна, Гренел ги критикуваше судиите нарекувајќи ги левичарски лудаци и академски елити кои носат политички одлуки.
Никој не е безбеден од овие меѓународни судови каде академски елити носат политички одлуки. Овие тројца судии и американскиот обвинител се левичарски лудаци. Тие очигледно не ги слушнаа советниците на Бил Клинтон кои јасно кажаа дека Тачи не ја водеше војната, напиша Гренел.
Следејќи ја добро познатата неподносливост на неговиот шеф за меѓународните судови, која произлезе од налозите за апсење на неколку високи израелски функционери, меѓу кои и премиерот Бенјамин Нетанјаху, поради сомнежи за вршење воени злосторства против Палестинците во Појасот Газа, Гренел во објавата на Х предложи укинување на финансирањето на овие судови.
Дел од домашните и меѓународни критичари на Трамп сметаат дека анимозитетот на неговата админситрација кон ваквите меѓународни трибунали, а особено Меѓународниот кривичен суд, е водена од стравот дека нејзини членови ќе бидат предмет на процеси поради војната на Блискиот Исток со Иран и наводно шпекулирање со цената на енергенсите на берзите.
Гренел од самиот почеток на судскиот процес против Тачи во 2020 година, постојано го критикува судот во Хаг инсистирајќи дека некогашниот косовски претседател нема никаква одговорност.
Сепак, овој перманентен фокус на Гренел врз Тачи не произлегува од некакво пријателство со косовскиот командант, туку неостварени професионални дипломатски амбиции и лична нетрпеливост кон американскиот обвинител во просецот против Тачи, Џек Смит.
Гренел учествуваше во дипломатскиот процес за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина во првиот мандат на Трамп, кој се смета за досега најдобриот обид за постигнување договор меѓу двете балкански држави. Процесот беше прекинат откако Тачи поднесе оставка по објавувањето на обвинувањето во Судот во Хаг во 2020 година. По заминувањето на Тачи во Хаг, опозицијата во Косово, предводена од Самоопределување ја презеде власта на следните избори, а нејзиниот лидер Албин Курти, како жесток критичар на процесот со своите постапки и одлуки успеа да го парализира.
Сето тоа е извор на големи професионални и лични фрустрации за американскиот дипломат, кој ко моментот кога официјално беше поднесено обвинувањето против Тачи, беше на чекор од организирање Самит меѓу Косово и Србија во Белата Куќа, на кој Гренел до денеска е убеден и инсистира дека ќе бил постигнат договор.
За пропаѓањето на процесот Гренел не го обвинува само Судот во Хаг, туку и ЕУ која тврди дека не сакала да дозволи првата администрација на Трамп да оствари таква дипломатска победа како нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гренел: Судиите во Хаг се левичарски лудаци,…
Специјалниот пратеник на американскиот претседател и поранешен…
(Видео) Ѓорѓиевски објави дека е распишан тендерот…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави…
Зеленски: Русија двапати се обиде да го…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека руските…
Марш за ангелите денеска во Кочани по…
Родителите на починатите во пожарот во дискотеката…
Путин: Никој нема да може да ја…
Рускиот претседател Владимир Путин пред изборите за…