Објавено на:

Четири земји со повеќе од 100 милиони жители остануваат без гориво

t

Додека главната дебата во Европа се однесува на тоа колку ќе пораснат цените на бензинот и дизелот, комбинацијата од раст на приносите на долгорочните американски државни обврзници и високите цени на енергенсите веќе предизвикува сериозни економски и политички последици ширум светот.

Во некои земји се создаваат километарски редици пред бензинските пумпи, ограничена е количината на гориво што граѓаните можат да ја купат, се воведуваат рестрикции на електричната енергија, а транспортерите организираат штрајкови и блокади на патиштата.

Истовремено, растат буџетските расходи за субвенции, притисокот врз националните валути и трошоците за државно задолжување.

Најблиската историска аналогија со актуелните случувања е периодот од 1979 до 1982 година, кога реалната цена на нафтата за земјите во развој се зголеми повеќе од двојно, додека американската централна банка нагло ги зголеми каматните стапки за да ја сузбие инфлацијата.

Во периодот меѓу 1980 и 1982 година, доларот реално зајакна за околу 25 отсто, а многу презадолжени земји почнаа да се соочуваат со сериозни финансиски проблеми. Меѓу нив беше и тогашната СФРЈ.

Денешната ситуација би можела да биде уште посложена. На почетокот на осумдесеттите години, јавниот долг на Соединетите Американски Држави, Германија и Франција изнесуваше меѓу 30 и 40 отсто од бруто-домашниот производ, додека италијанскиот долг се движеше меѓу 60 и 66 отсто од БДП. Денес, јавните и приватните долгови се значително повисоки, а дополнителни ризици претставуваат војната во Украина и нарушувањата во Ормускиот Теснец.

Оштетувањето на саудискиот нафтовод „Исток-Запад“ предизвика дополнителна загриженост. Станува збор за стратешка траса што транспортира нафта од источниот дел на Саудиска Арабија до пристаништето Јанбу на Црвеното Море, заобиколувајќи го Ормускиот Теснец.

По нападот, товарењето нафта во Јанбу беше прекинато, а дел од саудиските пратки наменети за Европа беа откажани. Цената на нафтата од типот „Брент“ тогаш ја надмина границата од 108 долари за барел.

Истовремено, приносите на американските 10-годишни и 30-годишни обврзници го достигнаа највисокото ниво од 2007 година наваму. Ова дополнително ги зголемува трошоците за задолжување на земјите кои веќе имаат високи долгови и зависат од увоз на енергенти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири земји со повеќе од 100 милиони…

Додека главната дебата во Европа се однесува…

Гутереш изрази подготвеност да биде домаќин на…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…

Медведев: Европа ја измислува руската закана за…

Русија мора да ја заврши специјалната операција…

Турција ги предупреди Грците: Воздржете се од…

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан…

Војната во Иран ја зголеми инфлацијата во…

Федералните резерви на САД (ФЕД) денеска ја…