Во овој европски град добро „ги дерат“ возачите: Литар гориво чини речиси 3,5 евра!
Возачите во Германија деновиве скапо можат да ја платат одлуката да наполнат гориво на првата бензинска станица на која ќе наидат. Разликите во цените меѓу поединечните станици достигнуваат и повеќе од едно евро по литар, па така, за резервоар од 60 литри, разликата може да изнесува повеќе од 70 евра, пишува „Феникс“ (Fenix).
Според анализата на тековните пазарни податоци на порталот benzinpreise.de, најголеми разлики се забележани кај бензинот „Супер“. Најниската регистрирана цена изнесувала 2,179 евра по литар, додека на една бензинска станица во Хесен, истиот вид гориво чинел дури 3,349 евра.
Тоа значи разлика од 1,17 евра по литар. Возач што би наполнил 60 литри на поскапа станица би платил дури 70,20 евра повеќе за истото гориво.
Најскапиот бензин „Супер“ бил регистриран на бензинската станица „Рајфајзен“ (Raiffeisen) во Гребенау, Хесен, каде што литар чинел 3,349 евра.
Од друга страна, меѓу станиците со најповолни цени биле оние во Баварија. Најниската цена за „Супер“ од 2,179 евра по литар била регистрирана на пет станици, вклучувајќи ги оние во Кулмбах, Дорфен и Вилсбибург.
Значајни разлики се забележани и кај дизелот. Најниската регистрирана цена изнесувала 2,279 евра по литар, додека највисоката била 3,009 евра. Разликата од 73 центи по литар значи дека возач што би наполнил резервоар од 60 литри на поскапата станица би платил околу 43,80 евра повеќе.
Особено скапи станиците на автопатите
Кај горивото Е10, разликата изнесувала 85 центи по литар. Најниската цена била 2,119 евра, а највисоката 2,969 евра. Возачите треба да бидат особено внимателни кога полнат гориво на автопатите. Одморалиштата на автопатите често се појавуваат меѓу најскапите станици во анализата.
На пример, дизелот чинел 3,009 евра по литар на станиците „Валслебен Запад“ (Walsleben West) и „Валслебен Исток“ (Walsleben Ost) на автопатот А24, како и на станицата „Михендорф“ (Michendorf) на автопатот А10. За горивото E10, цената достигна 2,969 евра на одредени бензински станици долж автопатите A4 и A61.
Податоците претставуваат моментален приказ на цените, кои можат да се менуваат од час во час. Сепак, разликите покажуваат колку може да биде корисно за возачите да ги проверат цените пред полнење гориво. Особено на автопатите, неколку минути потрошени за проверка на цените можат да резултираат со заштеда од неколку десетици евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во овој европски град добро „ги дерат“…
Возачите во Германија деновиве скапо можат да…
Марта Кос: Македонија мора да го исполни…
Еврокомесарката за проширување Марта Кос вели дека…
Мистерија по самитот на БРИКС: Рамафоса се…
Необични информации и бројни шпекулации се појавија…
АЛАРМ ВО САД: Бензински остануваат без дизел,…
Американскиот пазар на горива се соочува со…
Тато носи, мама меси: Младите во Македонија…
Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом…