Македонската партија во Србија застана зад Студентската листа

t

Македонската партија на Србија јавно ја поддржа изборната листа „Студентска листа – Студентите победуваат“ за предвремените парламентарни избори во Србија на 25 октомври и ги повика припадниците на македонската заедница во земјата да ја поддржат студентската иницијатива.

Од партијата соопштија дека даваат „целосна и безрезервна поддршка“ на студентската листа, оценувајќи дека студентите покажале храброст, одговорност и подготвеност да се борат за демократски вредности, владеење на правото, одговорност на институциите и еднаквост на граѓаните.

Партијата ги повика и македонските здруженија, организации, институции и политички субјекти во Србија да се приклучат кон поддршката.

„Македонската заедница е составен дел од општеството во Србија и сака активно да учествува во создавањето подобра, поправедна и подемократска иднина за сите нејзини граѓани“, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на партијата Александар Паспаловски.

Поддршката доаѓа само еден ден откако Републичката изборна комисија ја прогласи „Студентска листа – Студентите победуваат“ за учество на предвремените парламентарни избори закажани за 25 октомври. За прогласување на листата гласале сите 19 присутни членови на изборната комисија.

Според податоците на комисијата, студентската листа била поддржана со 69.099 правно валидни потписи. На неа има 250 кандидати за пратеници, а носител е лекарот и професор на Медицинскиот факултет во Нови Сад, Илија Срдановиќ.

Македонската партија не е единствената партија на национално малцинство која застана зад студентската листа. Поддршка досега дадоа и Црногорската партија и Демократската заедница на војводинските Унгарци, како и повеќе опозициски партии, локални движења и граѓански организации.

Поддршката од Македонската партија доаѓа во период кога политичките блокови во Србија веќе се позиционираат за октомвриските избори. Дел од опозициските партии застанаа зад студентската листа, други најавија самостоен или коалициски настап, додека владејачката Српска напредна странка на изборите настапува со своја листа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската партија во Србија застана зад Студентската…

Македонската партија на Србија јавно ја поддржа…

Студентите официјално ќе одат на избори —…

Републичката изборна комисија (РИК) вчера ја потврди…

Вучиќ: Србија е подготвена повторно да воведе…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…