Нови услови за работа: Се реконструира објект во Касарната „Гоце Делчев“

t

Продолжуваат инфраструктурните активности за подобрување на условите за работа на припадниците на Армијата и вработените во Министерството за одбрана.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ја посети Касарната „Гоце Делчев“, каде изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на објектот на Директоратот за безбедност и разузнавање.

Во моментов се реализираат активности за целосно завршување на реконструкцијата и ставање на објектот во функција, согласно современите стандарди.

Со реконструкцијата се опфатени повеќе значајни зафати, меѓу кои поставување нова електрична инсталација и осветлување, систем за вентилација и греење, противпожарна и громобранска инсталација, како и промена на подните облоги и вратите.

Предвидена е и реконструкција на санитарните јазли, како и завршни градежни и фасадерски работи со цел подобрување на енергетската ефикасност на објектот.

Мисајловски посочи дека продолжуваат вложувањата во модерна и функционална инфраструктура, со цел создавање подобри услови за работа и повисоки стандарди за припадниците на Армијата и вработените во Министерството за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сирени во Полска, дрон падна на…

Дрон со млазен погон паднал или бил…

Старец нашол туѓа картичка и си пазарел…

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Р.Н.(70)…

ГРКИНКА НА ЧЕЛО НА „МАЈКРОСОФТ“ ВО РЕГИОНОТ:…

Јана Андронопулу е новиот генерален директор на…

Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…

Божиновска: Цртежите на учениците со попреченост ќе…

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини…