Директорот на болницата во Свети Николе раздавал од имотот на установата, доби кривична пријава

t

Директорот на Здравствениот дом во Свети Николе, Сашо Бошковски, доби кривична пријава бидејќи отуѓил имот на установата во вредност од 1.200 евра без одобренија и го предал на трети луѓе.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.Б.(63) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘злоупотреба на службена положба и овластување’. Во текот на 2025 година, во својство на директор на ЈЗУ Здравствен дом ‘Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски’ во Свети Николе, не постапил согласно одредбите од Закон за користење и располагање на ствари во државна и општинска сопственост и без да спроведе соодветна постапка и без да обезбеди потребна согласност од Владата, отуѓил движни ствари за кои немало соодветни податоци за нивниот вид и количина во вкупна вредност од 75.000 денари. Со наведеното дејствие, пријавениот овозможил трети лица да се стекнат со противправна имотна корист, нанесувајќи му штета на Министерството за здравство за истиот износ“, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ