Во Гостивар уапсен бегалец од затвор – треба да одлежи повеќе од 12 години
МВР информира дека денеска во Гостивар, полициски службеници го уапсија 42-годишниот Е.А. од Гостивар, кој беше во бегство од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“.
Е.А. бил осуден на казна затвор во траење од 12 години и осум месеци за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ согласно член 215 и „кражба“ согласно член 236 од Кривичниот законик.
По апсењето, тој е предаден во затворот за издржување на изречената казна затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Гостивар уапсен бегалец од затвор –…
МВР информира дека денеска во Гостивар, полициски…
Старец нашол туѓа картичка и си пазарел…
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Р.Н.(70)…
35-годишник од Скопје починал откако најверојатно доживеал…
На 16.09.2026 околу 11:40 часот во СВР…
Полицијата ја откри и ја казни жената…
Полицијата ја откри и ја санкционира жената…
Исчезна 32-годишен скопјанец во Охрид, на плажата…
Полицијата и спасувачките екипи трагаат по 32-годишен…