Маскиран упаднал во обложувалница: Со закана зел пари и побегнал
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 18 септември во 00:30 часот во СВР Тетово.
Според пријавата, инцидентот се случил претходната вечер, околу 22:50 часот, во спортска обложувалница на улицата „Илинденска“. Осомничениот, кој бил маскиран, ѝ се заканил со нож на вработената и од неа одзел пари. По извршеното разбојништво, лицето го напуштило објектот и се оддалечило од местото.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, а во тек се мерки и активности за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување и документирање на случајот.
Од МВР велат дека по утврдувањето на сите околности ќе следуваат соодветни мерки согласно закон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да бидеме хумани даму помогнеме на Стефан…
Почитувани пријатели, голем број од вас знаат…
МВР: Пронајдени 253 куршуми, рачна бомба и…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(33)…
Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници…
Министерството за дигитална трансформација доставило налог за…
Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија,…
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку видео порака,…
Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу…
Вишиот суд во Белград потврди дека ги…