Објавено на:

Пентагон разгледува план за повлекување речиси една третина од американските сили од Европа

t

Пентагон разгледува план за повлекување авиони, воени бродови, оружје и десетици илјади американски војници од Европа и покрај предупредувањата од сојузниците на НАТО за растечката закана од руска агресија, јави Ен-би-си повикувајќи се на седум сегашни и поранешни западни и американски функционери.

Станува збор за можно повлекување речиси една третина од американскиот контингент, односно приближно 25.000 војници, а некои извори тврдат дека бројот би можел да достигне и до половина од вкупните сили – до 40.000 луѓе.

Доколку тој план се спроведе, тоа ќе биде најрадикалното намалување на американското воено присуство на европска почва од крајот на Студената војна во време кога на континентот има речиси 80.000 војници.

Намалувањето на силите би ги погодило најмногу Германија, Италија и Шпанија, земјите каде што се наоѓаат повеќето американски бази. Лидерите на тие земји влегоа во отворен конфликт со претседателот Доналд Трамп поради нивното одбивање да се приклучат на американската војна против Иран. Трамп со месеци вели дека Европа мора да ја преземе водечката улога во сопствената одбрана, а американските капацитети се повеќе потребни за справување со Кина, Иран и наркокартелите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон разгледува план за повлекување речиси една…

Пентагон разгледува план за повлекување авиони, воени…

Лавров: Ако Европа ја нападне Русија, војната…

Русија нема намера да ја напаѓа Европа,…

Саудиска Арабија откажува и одложува испораки на…

Саудиската државна компанија „Арамко“ откажа или одложи…

Реномиран шпански весник: Северна Европа се подготвува…

Иако нордискиот модел денес се соочува со…

Над илјада заразени во Европа од западнонилска…

Повеќе од 1.000 случаи на инфекција со…