Поднесено обвинение за дел од осомничените за фалсификуваните возачки дозволи
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против шест лица за продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-Првата обвинета е вработена во Министерството за внатрешни работи, како помлад советник за патни исправи во Одделението за управни работи – Скопје, која во периодот од 03.09.2020 до 24.08.2026 година, во повеќе наврати ги користела своите шифри и вршела преправање на возачки дозволи, внесувајќи дополнителни категории.
Останатите петмина опфатени со обвинението се возачи кои, иако знаеле дека немаат положено за Ц и Д категорија, во договор со првата обвинета, поднесувале барања за издавање дозволи во кои им биле впишувани дополнителни категории.
Ваквите невистинити исправи тие ги користеле за да аплицираат и да добијат сертификати за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стоки, а потоа во повеќе наврати управувале со автобус или товарно возило во меѓународен сообраќај, соопшти Обвинителството.
За тројца обвинети, вклучувајќи ја и вработената во МВР, јавниот обвинител достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор. За останатите тројца кои се недостапни на органите на прогонот предложи да им биде определен притвор од нивното пронаоѓање, а постапката против нив ќе продолжи во нивно отсуство.
Во меѓувреме, во рамките на истиот предмет, продолжуваат да се преземаат дејствија за обезбедување докази и против уште 21 лице, осомничени како посредници или корисници на фалсификуваните возачки дозволи, а обвинителството продолжува да истражува и други можни злоупотреби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…