Објавено на:

(Видео) ПУТИН СО ОСТРА ПОРАКА ДО ЕВРОПА: „Оставете нè да живееме во мир – во спротивно ќе реагираме

t

Русија нема агресивни намери кон Европа и европските држави и е подготвена повторно да воспостави соработка со своите европски соседи, порача рускиот претседател Владимир Путин.

Путин ова го изјави во петокот, обраќајќи се на состанокот на Воено-индустриската комисија, при што воедно упати остри критики кон дел од европските лидери. Според него, во некои европски земји се создава слика дека Русија претставува закана, а конфликтот во Украина, како што оцени, се користи за оправдување на одредени политички одлуки и политики.

„Сакам уште еднаш да нагласам: Русија нема агресивни намери кон Европа или европските земји. За тоа едноставно нема никаква основа. Подготвени сме за соработка и обновување на односите со нашите европски соседи“, изјави Путин.

Рускиот претседател во своето обраќање се осврна и на воените активности во Балтичкото Море. Тој ги критикуваше европските држави поради одржувањето воени вежби во регионот, тврдејќи дека дел од нив вклучуваат и подготовки за запленување цивилни пловила.

Изјавите доаѓаат во период на продолжени тензии меѓу Русија и европските земји, особено во контекст на војната во Украина и безбедносните политики на европските држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ПУТИН СО ОСТРА ПОРАКА ДО ЕВРОПА:…

Русија нема агресивни намери кон Европа и…

Фрчковски повторно го повика Лефков на тест…

Продолжува јавната преписка меѓу Јон Фрчковски и…

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди…

Цените на бензинот и дизелот во Европската…

Експлозии над Ријад, гори резервоар со логото…

Силни експлозии одекнаа во Ријад, а голем…

Нестабилна облачна маса се приближува кон Скопската…

УХМР информира дека југоисточно од Катланово има…