Пијан Мексиканец нападнал полицајци во Ѓорче Петров

t

Државјанин на Мексико на возраст од 31 година бил приведен откако вчера за време на јавна манифестација во Ѓорче Петров физички нападнал полициски службеник, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Според соопштението, тој бил уапсен откако одбил да се легитимира и се однесувал агресивно кон полицијата, по што тој физички нападнал полициски службеник и употребил тврд предмет.

При проверките било утврдено дека странскиот државјанин бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2.30 промили алкохол во крвта.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан Мексиканец нападнал полицајци во Ѓорче Петров

Државјанин на Мексико на возраст од 31…

Пијани, без дозвола и со забрани: 19…

МВР соопшти дека изминатото деноноќие, на различни…

Во сообраќајка загина 17-годишна девојка, а повредени…

Од МВР информираат за страшна сообраќајка која…