Рустемовски се пласираше меѓу најдобрите осум боксери на Европското првенство во Софија

t

Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со одличниот настап на Европското сениорско првенство во Софија, откако забележа нов триумф и обезбеди место меѓу најдобрите осум боксери во својата категорија.

Рустемовски во осминафиналето го совлада Англичанецот Вилијам Хјуит со судиска одлука 4-1, со што направи значаен чекор кон освојување медал на континенталниот шампионат.

За македонскиот репрезентативец сега следува четвртфиналната борба, која е закажана за 23 септември. Победа во оваа фаза би му донела пласман во полуфиналето и автоматски би му обезбедила најмалку бронзен медал, што би претставувало најголемо достигнување во неговата досегашна кариера.

Покрај пласманот во четвртфиналето, Рустемовски со победата над Хјуит заработи и 150 рејтинг-поени. Европското првенство во Софија собра околу 400 боксери и боксерки од 40 земји, па успехот на македонскиот претставник добива уште поголема тежина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ