САД планираат да отворат две воени бази во Гренланд
САД планираат повторно да отворат две поранешни воени бази од Студената војна на југот на Гренланд и да воспостават воено присуство на источниот брег, а договорот денеска треба да го потпишат Вашингтон, Копенхаген и Нуук за време на Генералното собрание на Обединетите нации, дознаваат британски медиуми од три извори.
Воените бази треба да бидат лоцирани во Нарсарсуак, град со неколку десетици луѓе каде што американската воена база Блуи Вест Уан била затворена во 1950-тите, и во Местерсвиг, база што моментално ја користи Сириус Дог Патрол, данска единица на специјалните сили, изјавија два извори запознаени со договорот.
Текстот на договорот не е објавен, а три лица запознаени со договорот, кои зборуваа под услов на анонимност, изјавија дека неговите детали не се конечни додека не се потпише документот.
Данска наведува дека договорот ќе ја стави безбедноста на Арктикот во рамките на НАТО, наместо исклучиво да биде регулирана од САД и Данска.
Договорот доаѓа по месеци притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, кој постојано се залагаше за контрола на САД врз Гренланд. Во одредени моменти, Трамп не ја исклучи употребата на воена или економска сила за преземање контрола врз таа данска територија со висок степен на автономија, потсетуваат британските меидуми.
Неговите закани, кои достигнаа врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО и ги натераа Данска и Гренланд да преговараат со Вашингтон за намалување на притисокот.
Владите на Данска и Гренланд и Белата куќа не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.
За време на Студената војна, САД имаа 17 воени инсталации во Гренланд и повеќе од 10.000 воен персонал. Денеска таму останува американската вселенска база Питуфик, каде што се стационирани околу 150 припадници на американската војска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД планираат да отворат две воени бази…
САД планираат повторно да отворат две поранешни…
Познат скопски доктор нападнат во својата ординација,…
Гинекологот Дејан Огненовиќ завршил со скршен вратен…
Кина влегува на средбата со Трамп од…
Средбата меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг…
Г7 со директно барање до Иран: Престанете…
Најразвиените западни економии го зголемуваат дипломатскиот притисок…
Нафтата повторно над 100 долари – пазарот…
Светскиот пазар на нафта повторно е во…