Гостиварец заминал на работа и исчезнал, по неколку часа бил пронајден мртов на стадион а до него имало моторна пила

t

60-годишен гостиварец доцна синоќа бил пронајден починат на фудбалскиот стадион во селото Равен. Човекот утрото отишол на работа, но откако цел ден го немало и не се јавувал на телефонот, сопругата вечерта го пријавила дека е исчезнат, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, при увидот тешко се повредил и полициски службеник откако паднал во шахта.

„На 21 септември во 23:15 часот во ОВР Гостивар, Ј.А. (45) од Равен пријавила дека нејзиниот сопруг А.А. (60) околу 7 часот заминал на работа во Гостивар, но не се вратил дома и не одговарал на телефонските повици. По преземените мерки и активности, во 00:20 часот на 22 септември А.А. бил пронајден починат на фудбалскиот стадион во селото. Во негова непосредна близина била пронајдена моторна пила“ соопшти МВР.

Смртта ја констатирал лекар од Ургентниот центар во Гостивар, по што на местото бил извршен увид од јавен обвинител, лекар по судска медицина, увидна екипа од ОВР Гостивар и екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар.

За време на службените дејствија, околу 1:50 часот, полициски службеник паднал во отворена и необележана бетонска шахта длабока околу 1,5 метри. Тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гостиварец заминал на работа и исчезнал, по…

60-годишен гостиварец доцна синоќа бил пронајден починат…

Гостиварци нема да ги плаќаат фактурите за…

Со последната одлука на Општинскиот совет, гостиварци…

СДСМ: Зошто и по шест недели по…

Соопштение на СДСМ Зошто и по шест…

Прекината епидемијата во Гостивар – нема нови…

По периодот на зголемен број стомачни тегоби…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…

„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…