Трамп по средбата со Зеленски во Њујорк: Русија и Украина се блиску до договор, разговараме и за производство на ракети „Патриот“
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, изјави дека верува оти Украина и Русија наскоро ќе постигнат договор за прекин на војната.
– Имаме многу добар однос. Претседателот Зеленски и јас се обидуваме да најдеме решение и мислам дека тоа ќе се случи. Навистина мислам така. Односот е многу силен, а силна е и соработката со Европа – рече Трамп.
На прашањето дали сè уште верува дека Украина може да ја врати целата своја територија, американскиот претседател избегна директен одговор, посочувајќи дека дипломатските контакти се во тек.
– Мислам дека тие ќе постигнат договор и не сакам да прогнозирам каков ќе биде тој. Многу разговараме за тоа, вклучително и со претседателот Владимир Путин, и мислам дека нешто ќе се случи. Украинците се многу добри борци и навистина можат да бидат горди на себе – изјави Трамп, оценувајќи го украинското раководство како „сосема способно“.
Осврнувајќи се на украинските напади врз руските капацитети за рафинирање нафта, Трамп истакна дека тие им нанеле сериозен удар на Русите, но и врз глобалните цени на дизелот.
„Мислам дека и Путин и Зеленски сакаат да видат крај на војната. Да бидам искрен, време е. Многу луѓе загинуваат и никој не го сака тоа“, додаде тој.
Во врска со можното производство на ракети за системите „Патриот“ во Украина, Трамп потврди дека оваа тема е на маса.
– Разговараме за тоа. Украина има многу способен производствен капацитет и неверојатно способни луѓе – рече тој.
Украинскиот претседател Зеленски, од своја страна, изрази надеж за брза завршница на конфликтот.
– Се надевам дека ќе ја завршиме оваа војна и оти претседателот Трамп ќе ни помогне во тоа. Ова треба да се направи што е можно побрзо, пред да настапи зимата – порача Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп по средбата со Зеленски во Њујорк:…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, за време…
ОКОЛУ ТАЈВАН СЕ ЗГОЛЕМУВА КИНЕСКОТО ВОЕНО ПРИСУСТВО
Тајван регистрираше нова група кинески воени авиони…
Гутереш со последен голем говор пред ОН:…
Антонио Гутереш го искористи своето последно обраќање…
ДРАМАТИЧЕН ПАД НА СООБРАЌАЈОТ НИЗ ОРМУТ: Само…
Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец практично е…
(Видео) Падна снег во Србија
Првиот снег сезонава ги побеле планинските врвови…