Касами: Не сме за предвремени избори, но ако има – ВРЕДИ ќе победи
Градоначалникот на Тетово и еден од ко претседателите на партијата ВРЕДИ – Биљал Касами денеска на барање на новинарите ги коментираше актуелните политички состојби и искажа став за евентуални предвремени парламентарни избори. Како партија не сакаат да има предвремени избори, но смета дека се подготвени доколку ги има.
– За предвремени избори ние како „ВРЕДИ“ сме подготвени утре да се објават, но како дел од владината коалиција и како дел од локалната власт, сме во реализација на програмата, тоа што сме го нуделе на граѓаните, така да ние не бараме предвремени избори, истакна Касами.
Тој изрази уверување дека „ВРЕДИ“ би извојувала победа на избори.
– Уверени сме дека и да има предвремени избори, пак „ВРЕДИ“ нели ќе биде победник во албанскиот блок и ќе биде дел од Владата и ќе ги води општините и понатаму. Така да наш приоритет е реализација на тоа што е понудено, а ако има предвремени избори сме подготвени и сме убедени дека ќе бидеме апсолутни победници, посочи Касами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Касами: Не сме за предвремени избори, но…
Градоначалникот на Тетово и еден од ко…
ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…
ВЛЕН: ЗА АЛИ АХМЕТИ ПРАВДАТА Е КОЦКА
Партијата што го посеа коцкањето во секое…
ВЛЕН: Арачиново се менува со конкретни проекти…
Арачиново секојдневно се менува преку реализација на…
ВЛЕН: Ветувањето за стадионот на ФК Башкими…
Спортот е една од областите во кои…