НОВ СИСТЕМ ВО СКОПЈЕ: Камери ќе снимаат 24 часа на критичните јавни површини

t

Град Скопје е во завршна фаза од подготовките за воведување видеонадзор на јавните површини, а првите камери треба да бидат поставени на 30 критични локации низ главниот град. Според најавите, целиот систем треба да биде функционален најдоцна до Нова година.

Камерите првенствено ќе бидат поставени на места каде што често се создаваат диви депонии, како и во паркови и други јавни површини каде што има случаи на уништување на урбаната опрема. Видеонадзорот ќе работи непрекинато, а снимките ќе ги следат овластени и стручно обучени лица.

Од Град Скопје информираат дека камерите сè уште не се набавени, но наскоро треба да биде распишана јавна набавка која, покрај камерите, ќе го опфати и комплетниот систем за нивно безбедно следење.

Предвидено е формирање посебен контролен центар во просториите на Град Скопје, каде пет лица ќе работат во три смени. Снимките, согласно донесената одлука, ќе се чуваат најмногу 30 дена, освен во случаи кога друг закон предвидува подолг рок.

Планови за видеонадзор имаат и неколку скопски општини. Аеродром започна постапка за поставување камери на детски и спортски игралишта и во парковите, додека Бутел претходно најави поставување камери на јавните површини. Во Карпош, пак, четворица општински службеници се обучени за користење дронови за инспекциски надзор и контрола на јавните површини.

Градските власти најавуваат координација и со општините кои развиваат сопствени системи, со цел локациите да бидат соодветно интегрирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ СИСТЕМ ВО СКОПЈЕ: Камери ќе снимаат…

Град Скопје е во завршна фаза од…

Трамп го покани Путин во Мајами

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, потврди…

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

„Лошо ќе завршиме, душо“: Откриени пораки меѓу…

Специјалното обвинителство против корупција на Албанија (SPAK)…

Рускиот амбасадор, Зиков: Скопје не може да…

Скопје не може да се смета за…