Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк
Премиерот Христијан Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан, во Њујорк имаа средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас.
– Остваривме средба со Каја Калас, на која беа разменети мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за понатамошно зајакнување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен, безбеден и просперитетен регион, објави премиерот Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк, претходно учествуваше на состанокот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан, а имаше средби и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и со премиерот на Косово, Албин Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс студент остави писмени закани до деканот…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38)…
Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…
Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…
Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со…
„Безбеден град“ и во Струмица, Битола и…
Министерството за внатрешни работи планира да ги…
Повеќе од 600 затвореници во Велика Британија…
Британската влада денеска ослободи уште 650 затвореници…