Објавено на:

Сомнеж за саботажа во Полска: Пожар ја погоди копнената станица на Старлинк важна и за интернетот во Украина

t

Пожар избувнал до копнената сателитска станица на Starlink во централна Полска во средата вечерта, 23 септември, а полските власти истражуваат дали станува збор за намерна саботажа. Станицата учествува во обезбедувањето интернет-конективност во регионот, вклучително и кон Украина. Reuters ја потврди информацијата утрово, повикувајќи се на полскиот вицепремиер и министер за дигитализација Кшиштоф Гавковски.

Инцидентот се случил во Вола Кробовска, во Мазовското Војводство, по 21 часот. Според полските пожарникари, огнот ја зафатил кутијата/станицата за напојување во близина на антенската инфраструктура. На терен биле испратени три противпожарни екипи, пожарот бил изгаснат и немало повредени.

Но она што првично изгледало како технички инцидент сега се истражува и како можна намерна акција.

Гавковски изјави дека пожарот ги зафатил напојувањето и генераторот и оцени дека околностите укажуваат на обид станицата да биде онеспособена. Според него, прекинот можел да го наруши интернетот за повеќе институции, вклучувајќи ги и украинските вооружени сили.

Клучна инфраструктура за Украина

Објектот е управуван од полскиот државен телекомуникациски оператор Exatel и претставува еден од јазлите преку кои се обезбедува интернет-конективност низ Полска и кон Украина.

Starlink има особено значење за Украина од почетокот на руската инвазија. Сателитската мрежа се користи како алтернативна комуникациска инфраструктура кога традиционалните мобилни и фиксни мрежи се оштетени или прекинати.

Според Гавковски, евентуално онеспособување на ваквите станици би можело да има последици многу пошироки од обичен прекин на домашниот интернет.

Тој предупреди дека без интернет може да биде нарушено функционирањето на различни дигитални услуги, наведувајќи ги како пример и банкоматите.

Добрата вест е дека системите веќе се повторно оперативни, според информациите што Гавковски ги соопшти во четвртокот.

Вклучени и безбедносните служби

Случајот, сепак, не го истражуваат само локалните пожарникари и полицијата.

Полските медиуми јавуваат дека за инцидентот биле известени Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW) и Централното биро за полициски истраги. Првичните информации укажуваат дека се разгледува можноста напојувањето намерно да било запалено.

Гавковски го поврза инцидентот со пошироката закана од хибридно војување.

Според Reuters, тој изјавил дека „многу знаци“ укажуваат дека начинот на изведување се вклопува во новата руска доктрина на напади. Сепак, министерот експлицитно нагласил дека во оваа фаза не е утврдено дека Русија стои зад пожарот.

Полска е во зголемена готовност поради можни саботажи откако Русија ја започна целосната инвазија врз Украина во 2022 година. Москва повеќепати негираше вмешаност во такви операции.

Оригинална фотографија од пожарот?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сомнеж за саботажа во Полска: Пожар ја…

Пожар избувнал до копнената сателитска станица на…

Прв случај на западнонилска треска во Тетово

Регистриран е прв случај на заболен со…

Во тек е операцијата „Филтер“: Падна организирана…

Во моментов е во тек операцијата „Филтер“…

Минусни температури и во Македонија: Во Берово…

Календарски есента штотуку започна, а утринските температури…

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен…

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерите на земјите…