ПО ТРИНЕДЕЛНА БОРБА ПОЧИНА 13-ГОДИШНИОТ ИЗБОДЕН ВО ЧАИР
Три недели лекарите се бореa за животот на 13-годишното момче тешко повредено со нож во Чаир. Детето им подлегнало на повредите, откако од 31 август бeше хоспитализирано во критична состојба.
Тепачката се случила околу 22 часот на улицата Македонско-косовска бригада во Скопје. Во пресметката меѓу две групи учествувале 5 лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице. Оној кој го избодел има исто 13 години и не одговара пред законот, не можеа ниту да му одредат притвор. Во притвор е неговиот 19-годишен брат.
Според тогашните информации од МВР, во тепачката биле употребени ножеви. Полицијата подоцна одзела 3 ножа, гумена палка и други предмети.
Повредени биле повеќе лица, но најтешко поминало 13-годишното момче.
Веста за смртта на момчето беше објавена доцна на 23 септември од повеќе медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко-монструм: Се заканувал дека ќе ја запали…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С.…
Скопјанец си ја нападнал својата 68-годишна мајка
На 25.11.2026 во 22:30 часот во СВР…
МВР: Повеќе возрасни лица сексуално злоупотребувале малолетник…
Полицијата во дневниот билтен објави грозоморен случај…
Маж од Охрид ја пријавил сопругата за…
По секојдневните пријави од жени за семејно…
ОЈО постапува по пријава за тешка телесна…
До Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска…