Двоглав орел поставен на врвот на Кораб
На социјалните мрежи се појави фотографија од планинари при искачување на врвот на Кораб, на која се гледа дека на местото каде што претходно било поставено македонското знаме сега стои метална конструкција со двоглав орел, симбол на албанското знаме.
Според објавите, и во минатото на ова место се случувале случаи на отстранување или замена на македонското знаме со албански симболи.
На врвот на Кораб од 2019 година се наоѓа метална пирамида, за која е наведено дека е финансирана од УСАИД и Амбасадата на Шведска во Тирана. На пирамидата името на врвот е испишано како „Korabi“, односно Кораб на Албански јазик.
Кораб е заеднички врв на границата меѓу Македонија и Албанија.
При традиционалното искачување на македонските планинарски друштва по повод 8 Септември, на врвот повторно било поставено македонското знаме. Според фотографиите што се појавија сега, на неговото место е поставена метална конструкција со двоглав орел.
На Фејсбук-страницата „Welcome To Dibra“ објавата е проследена со порака со која се изразува почит кон лицата кои ја поставиле конструкцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двоглав орел поставен на врвот на Кораб
На социјалните мрежи се појави фотографија од…