Премиерот од Њујорк: Македонските граѓани знаат каде припаѓаат – НАТО, САД и ЕУ се нашата геополитичка ориентација

t

Македонија нема да избере „стратешка двосмисленост“ во свет во кој повторно се заострува конкуренцијата меѓу големите сили, порача премиерот пред Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој оцени дека глобалниот поредок влегува во период на големи промени во кој моќта повторно се прераспределува, а економијата и безбедноста сè потешко можат да се разгледуваат одвоено.

„Светот што се обликува пред нас е свет на поостра конкуренција. Моќта се прераспределува.“

Односите меѓу големите сили, рече тој, сè повеќе ги определуваат трговијата, технологијата, енергетиката, критичните суровини, транспортните правци и дигиталната инфраструктура.

Дури и економската меѓузависност веќе почнува да се третира како безбедносно прашање.

„Глобализацијата не исчезнува. Таа се преобликува. Синџирите на снабдување се менуваат. Производството повторно станува геополитичко прашање.“

Државите, додаде премиерот, повеќе не се интересираат само каде производството е најевтино, туку и кому можат да му веруваат, од каде ќе добиваат енергија во време на криза и кој ќе ги поставува правилата за технологиите на иднината.

Во такви услови, тој ја дефинираше македонската геополитичка позиција.

„Македонските граѓани знаат каде припаѓаат. Ние сме сојузник во НАТО. Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер. Полноправното членство во Европската Унија е наша стратешка определба.“

Според премиерот, тоа не се три различни политики.

„Тоа е една геополитичка ориентација, втемелена врз демократијата, колективната безбедност, владеењето на правото и отворената економија.“

Следуваше и една од , но најдиректни пораки од говорот:

„Во време на неизвесност, нашиот одговор не е стратешка двосмисленост. Нашиот одговор е јасност.“

Но јасната сојузничка ориентација, нагласи тој, не значи дека Македонија треба да им сврти грб на државите што имаат различни политички погледи.

Напротив, според него, земја која е сигурна во сопствените демократски и стратешки избори може со поголема самодоверба да разговара со државите со различни интереси.

„На светот не му е потребна уште една поделба на трајни табори. Потребна му е конкуренција со граници и со правила што сите мора да ги почитуваат.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните…

На прашањето дали отсуството на Северна Македонија…

Ива Михаилова не избегала, тврди Рауфи, судењето…

Ива Михаилова заминала во Бугарија за да…

Трамп изрази сомнеж во изборните резултати откако…

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж во…

Кина го продолжи трговското примирје со САД:…

Кина го продолжи за уште два месеца…

Трамп: Не е точно дека ги ставам…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…