Mицкоски: Вештачката интелигенција повеќе не е тема на иднината, таа е инфраструктура на сегашноста

t

Вештачката интелигенција, енергетските системи, дата центрите и дигиталната инфраструктура ќе бидат дел од новата дефиниција на националната безбедност, порача премиерот пред Генералното собрание на ОН.

Својот говор тој го започна со поглед кон 2040 година и со прашањето во каков свет ќе живеат децата кои денес првпат седнуваат во училишните клупи.

„Вештачката интелигенција ќе ги преобрази професиите, индустриите и начините на кои се носат одлуките.“

Паралелно ќе се менуваат енергетиката, климатските услови, демографијата и пазарите на труд.

Но особено значајна е промената на самиот концепт на безбедност.

„Безбедноста повеќе нема да зависи само од армиите и границите, туку и од електроенергетските мрежи, дата центрите, каблите, сателитите, алгоритмите и довербата во информациите што ги добиваме секој ден.“

Подоцна во говорот премиерот повторно се врати на технологијата.

„Идниот меѓународен поредок нема да се обликува само на боиштата или во дипломатските сали.“

Тој ќе се обликува, рече премиерот, и „во лабораториите“, „во училиштата“, „во фабриките“, „во енергетските мрежи“ и „во дата центрите“.

А потоа следуваше централната порака:

„Вештачката интелигенција повеќе не е тема на иднината. Таа е инфраструктура на сегашноста.“

На крајот од говорот премиерот повторно предупреди дека државите не смеат да чекаат технологијата прво да создаде проблеми, па дури потоа да реагираат.

„Не смееме да чекаме технологијата да создаде нови нееднаквости пред да воспоставиме правила.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…

Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…

Украина и Русија во неформални разговори покажале…

Тешко повредена 17-годишна девојка во Тетово, откако…

17-годишна девојка од Косово е тешко повредена…

Бесплатен интернет на 72 локации во 64…

Вкупно 72 локации во 64 општини низ…

Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…

Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…