Швајцарците одлучуваат дали ќе останат неутрални
Швајцарските граѓани на референдум ќе одлучат дали да ги заострат правилата поврзани со традиционалната неутралност на земјата.
Иницијативата би вовела одредба дека неутралноста на Швајцарија е „постојана и вооружена“, забранува членство во воени сојузи или соработка со нив (освен кога земјата е директно нападната или нападот е непосредно предвиден) и забранува приклучување кон санкции против земји во војна, освен ако тие не се воведени од самиот Совет за безбедност на ОН.
Неколку дена пред референдумот, прогнозите беа дека Швајцарија убедливо ќе ја отфрли иницијативата.
Швајцарската неутралност е меѓународно призната од 1815 година и е дел од политичкиот и историскиот идентитет на земјата. Таа ѝ овозможи на Швајцарија да остане надвор од двете светски војни и долго време се сметаше за еден од главните столбови на нејзината безбедност и независност.
Овој статус, сепак, е загрозен откако Швајцарија воведе санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина во 2022 година, изјави Кристоф Блохер – ветеран политичар и поддржувач на десничарската Швајцарска народна партија (SVP).
Правните рамки на швајцарската неутралност не се изречно наведени во уставот на земјата, туку се определени со Хашката конвенција од 1907 година. Според нејзините одредби, неутралните држави се должни да зачуваат целосна непристрасност кон страните во војна и да не дозволат користење на својата територија за воени цели.
Блохер, кој раководел со успешни кампањи против продлабочувањето на врските со Европската Унија, изјави дека неутралноста е поткопана, бидејќи поради санкциите Русија веќе ја смета Швајцарија за страна во конфликтот. Според него, Третата светска војна можеби не е толку далеку и тогаш нема да биде важно дали Швајцарија е неутрална или не.
Швајцарската влада и повеќето политички партии, со исклучок на SVP, се спротивставуваат на предлогот, при што министерот за надворешни работи Ињацио Касис изјави дека тој би ја загрозил националната безбедност и би ги попречил заедничките вежби со НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Швајцарците одлучуваат дали ќе останат неутрални
Швајцарските граѓани на референдум ќе одлучат дали…
Силно невреме ја погоди Швајцарија, град со…
Силно невреме проследено со град погоди делови…
Швајцарците ја отфрлија иницијативата за ограничување на…
На денешниот референдум, граѓаните на Швајцарија најверојатно…
Швајцарија сака да го ограничи бројот на…
Во Швајцарија се дискутира за горната граница…
Рекорден број затвореници во Швајцарија, затворите исполнети…
Бројот на затвореници во швајцарските затвори заклучно…