Малолетник се здобил со тешки повреди откако бил удрен со возило
Малолетник е тешко повреден откако бил удрен со возило на улицата „Славеј Планина“ во Чаир. Полицијата го одзела возилото поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, по што, како што велат од МВР, ќе следува пријава.
Денеска (27.09.2026) во 16 часот на улица „Славеј Планина“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуванo од Б.С.(25) и малолетен пешак од Скопје. Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој со возило на брза помош е пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди- информираа од МВР.
Оттаму додаваат дека бил известен јавен обвинител и по негови насоки возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетник се здобил со тешки повреди откако…
Малолетник е тешко повреден откако бил удрен…
Скопјанец е сместен во здравствена установа откако…
Во СВР Скопје во раните утрински часови…
Упад во технички преглед и канцеларија на…
Ноќеска во 02:42 часот во СВР Скопје…
Човечки труп пронајден во канал во Бардовци
На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската…
МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО СКОПЈЕ: Приведени 14 лица,…
Денеска (27.09.2026) во 03:00 часот на подрачјето…