20 огласи за вработување во Министерство за економија и труд
Министерството за економија и труд има објавено 10 огласи на веб страната на Агенцијата за администрација со кои треба да се пополнат 20 работни места. Од огласите објавени на веб страната на агенцијата може да се види дека платите кои се нудат за вработување во оваа институција почнуваат од 30 илјади денари.
Отворените огласи се однесуваат на работните места инспектори, се бараат кандидати за помлади инспектори, но и за советници инспектори за повеќе градови низ земајва.
Една од позициите за кои се бараат кандидати е Помлад инспектор Куманово со градовите: Крива Паланка и Кратово,како и Помлад инспектор Битола со градовите Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар. Се бараат заинтересирани лица и за Помлад инспектор за Струмица со градовите: Гевгелија, Валандово и Радовиш…
Кандидатите треба да имаат високо образование од областа на општествените науки или право и економија и бизнис, а месечно ќе добиваат по 34.178 денари.
Меѓу работните места кои ќе се пополнуваат со овој оглас е и работното место Помлад инспектор за лифтови, жичари, дигалки и транспортери, за кој исто така е предвидена плата како и за претходните споменати работни места.
Меѓу позициите за кои се бараат кандидати се и Самостоен инспектор за безбедност на производи. Од кандидатите се бара да имаат исто така високо образование, две години работно искуство, а платата ќе достигнува 37.060 денари месечен надомест.
Се бараат и советници инспектори и тоа Советник за инспекциски надзор за Куманово со Крива Паланка и Кратово, потоа Советник инспектор за Кавадарци со градовите Велес и Неготино,Советник за инспекциски надзор Струмица со Гевгелија, Валандово и Радовиш.
Од нив пак покрај високото образование од облааста на општествените, правните или економските области се бара и три години работно искуство. Платата на советниците ќе се движи околу 40.820 денари месечно нето примање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…
Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5…
Очекуваме годината да ја завршиме со раст…
БДП пораснал за 4,3% во второто тримесечје…
Државниот завод за статистика (ДЗC) објави дека…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Зиков: ДОЗВОЛЕТЕ ДАТА ЦЕНТРИ, не се живее…
*Објава на Фејсбук на Љупчо Зиков Во…