Папата Лав XIV ја опомена и ја повика Европа на помирување
Европа може и мора да одигра клучна улога во зачувувањето на мирот и стабилноста, порача папата Лав XIV во најважниот политички говор од неговата четиридневна посета на Франција.
„Придонесот што едно организирано и живо европско општество може да го даде за цивилизацијата е неопходен за одржување мирни односи“, изјави папата на последниот ден од посетата, повикувајќи ја Европа на поголем ангажман за мир на континентот и на отвореност кон мигрантите.
Во источниот француски град Мец, Лав XIV ги повика Европејците на „трпелив дијалог“ за надминување на руската војна против Украина. Според него, за тоа се потребни „храброст во преговорите“ и подготвеност „да се откажеме од одредени позиции за повисокото добро на мирот“.
Залагајќи се за обединета и мирна Европа, Лав XIV предупреди дека односите меѓу луѓето и државите стануваат сè побрутални.
„Денес односите меѓу луѓето и меѓу државите стануваат сè поварварски“, оцени тој.
Според папата, континентот што по 1945 година успеал да ги надмине омразата и непријателството има можност да го запре овој негативен тренд. Тој нагласи дека меѓународното право и мултилатерализмот претставуваат најдобра заштита од секоја политика што тежнее кон доминација и конфликти.
Наспроти тоа, Лав XIV ја истакна „илузијата на повторното вооружување“.
Особено нагласувањето на меѓународното право и обврзувачките меѓународни правила делуваше како индиректна критика на политиките на САД под водство на претседателот Доналд Трамп, кој инсистира на демонстрација на американската моќ и во повеќе наврати ги отфрли меѓународните обврски на земјата.
Извор: Дојче Веле
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…
За време на неговата прва аудиенција со…
(Во живо) Лав XIV е првиот папа…
Новиот папа е Роберт Превост од САД,…
Конклавата за избор на нов папа ќе…
Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…
Зошто се уништува прстенот на папата по…
Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи,…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…