ЕПП го осуди величањето на Младиќ во Србија: Ќе го преиспитаме односот кон партијата на Вучиќ

t

Европската народна партија (ЕПП) се огласи по повод величањето на воениот злосторник Ратко Младиќ во Србија и наведе дека поради целокупната ситуација ќе се преиспита и односот кон Српската напредна партија на Александар Вучиќ.

Политичкото собрание на оваа партија го осуди величањето на воениот злосторник и наведе дека на погребот учествувале високи функционери од Србија.

„Сцените од погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград беа длабоко вознемирувачки. Младиќ е одговорен за геноцидот во Сребреница и низа најтешки воени злосторства извршени за време на војните во поранешна Југославија. Неговите злосторства ги утврдија меѓународните судови и тие никогаш не смеат да се релативизираат, величаат или заборават. Наместо соочување со ова мрачно наследство, бевме сведоци на јавни и државни почести на неговиот погреб, учество на високи српски функционери и отворен излив на поддршка на јавни места“, наведоа од ЕПП.

Се истакнува и дека ќе се преиспита моменталниот однос кон Српската напредна партија, која има статус на придружна членка на ЕПП.

„Таквите чинови се длабоко вознемирувачки и се во остра спротивност со вредностите на помирување, почитување на жртвите и одговорност што го поддржуваат европскиот проект. Политичкото собрание ги повтори неверувањето и осудата што ги изразија раководството на ЕПП и меѓународната заедница. Во рамките на тековниот процес на надзор над СНС, овие неодамнешни настани не можат да се игнорираат“, порачаа тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕПП го осуди величањето на Младиќ во…

Европската народна партија (ЕПП) се огласи по…

Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе…

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р…

Жерновски тврди: ЕПП ја повлече поддршката за…

На „победата“ и се кратки нозете –…

Првиот човек на ЕПП пред можна истрага…

Канцеларијата на Европското јавно обвинителство во соработка…

ЕПП: Време е за Орбан да си…

Европската народна партија на социјалните мрежи објави…