Директорот на Историскиот музеј „Крушево“ поднесе оставка

t

Директорот на НУ Историски музеј „Крушево“, Миха Оџаклиески, денеска поднесе неотповиклива оставка по скандалот со снимањето на спотот „Секси мама“ на косовскиот рапер Дон Џони во споменикот „Македониум“.

Оџаклиески во оставката наведува дека одлуката ја носи како личен, морален и етички чин и израз на одговорност кон институцијата и кон јавноста.

Тој посочува дека при изнајмувањето на просторот за снимање не бил прекршен закон, правилник или друг акт, ниту, пак, била прекршена одлука на Управниот одбор. Според него, постапката била дел од практика која претходно се применувала во институцијата.

Сепак, Оџаклиески признава дека бил направен ненамерен пропуст во проценката за тоа како постапката може да биде разбрана во јавноста.

„Иако немало намера за прекршување закон, правилник или одлука, направен е ненамерен пропуст во процената на начинот на кој одредена постапка може да биде разбрана од јавноста. За тоа чувствувам морална одговорност и затоа ја поднесувам оставката“, наведува тој.

Тој и се извини на јавноста за „настанатата недоумица и за ненамерниот пропуст“.

Оставката следува откако премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека ќе побара разрешување на Оџаклиески и на членовите на Управниот одбор кои дозволиле „Македониум“ да биде изнајмен за снимање на музички спот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на Историскиот музеј „Крушево“ поднесе оставка

Директорот на НУ Историски музеј „Крушево“, Миха…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…