Судиите Зимбовска и Герасимовски во трка за претседател на Апелација

t

Судиите од скопска Аплеација, Лидија Зимбовска и Зоран Герасимовски, кој е актуелен в.д. претседател на Судот, се пријавиле на огласот што го распиша Судскиот совет за претседател на Апелациониот суд.

Судскиот совет денеска ги усвои извештаите на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документацијата по објавените огласи за избор на претседател на Апелацискиот суд Скопје и Основниот суд Струга, при што констатираше дека тројцата пријавени кандидати ги исполнуваат условите за учество во понатамошната постапка.

Додека за Апелација се пријавени двајца кандидати, за претседател на Основниот суд Струга единствен кандидат е Танче Петревски. Герасимовски пред два месеци беше избран за в.д. претседател откако судијката што го водеше Судот, Мери Дика Георгиевска беше избрана за судијка во Уставниот суд. Герасимовски доби убедливо мнозинство гласови наспроти колешката Тања Милева, и покрај тоа што таа имала 197 бодови и била судија со најголем број бодови во однос на останатите судии.

Судскиот совет денеска избра и нови претседатели на Основниот суд Гостивар, Основниот суд Дебар и на Основниот суд Свети Николе по претходно усвојување на извештаите од спроведените постапки по објавените огласи.

За претседател на Основниот суд Гостивар е избран досегашниот в.д. претседател Мирослав Петровски, кој беше еден од двајцата кандидати со уредна и комплетна документација. Во постапката учествувал и Елејса Алији, но на седницата беше посочено дека на 13 јуни 2026 година била усвоена одлука за исполнување услови за старосна пензија. Кандидатката Драгослава Веселиновска не ја комплетирала документацијата бидејќи не доставила акциски план за спроведување на програмата за работа.

За претседател на Основниот суд Дебар е избран Оруч Абазовски. Во постапката учествувал и Мерсим Марку, но Судскиот совет констатирал дека не ги исполнува условите за избор бидејќи двапати претходно бил избран за претседател на Основниот суд Дебар.

За претседател на Основниот суд Свети Николе е избрана Валентина Буровска, која била единствен кандидат во постапката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судиите Зимбовска и Герасимовски во трка за…

Судиите од скопска Аплеација, Лидија Зимбовска и…

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за…

Зоран Герасимовски е избран за вршител на…

Апелација ја укина затворската казна за убиството…

Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…

Обвинителството се жали на ослободителната пресуда за…

Апелацискиот суд денеска ја разгледува жалбата на…

Апелација денес ги разгледува жалбите на пресудата…

Во Апелациониот суд во Скопје денеска на…