Тошковски: Разбиена е криминална група која 15 години била недопирлива за органите на прогонот
Министерот за внатрешни работи, панче Тошковски, истакна дека со акцијата на МВР, која вчера беше спроведена во Прилеп, била разбиена организирана криминална група која 15 години била недопирлива.
-Станува збор за разбивање на една организирана криминална група, многу сериозна криминална група којашто добар дел од таа организирана криминална група повеќе од 15-тина години го правела тоа што го правела и биле недопирливи за органите на прогон, истакна Тошковски.
Во текот на вчерашниот ден биле извршени околу триесетина претреси, а околу 21 лице ќе бидат опфатени во првичната кривична пријава.
Според Тошковски, постојат основани сомненија дека дел од групата во изминатиот период дејствувала и на територијата на Грција, во областа на Халкидики и Калитеа, каде што се сомничи за сериозни кривични дела од областа на имотните деликти, меѓу кои и тешки кражби. Дел од групата, според информациите со кои располага истрагата, вршел криминални дејствија и на територијата на Шпанија. Едно од лицата кое било во куќен притвор во Шпанија побегнало оттаму, а сега е обезбедено од македонската полиција и соодветно процесуирано.
-Навистина станува збор за една сериозна организирана криминална група којашто, пак ќе повторам, многу години роварела не само во Македонија туку и во земји членки на Европската Унија и со една опсежна акција под координација на Јавното обвинителство, повеќе од година дена, пак ќе повторам, е работена оваа организирана криминална група, рече Тошковски за Радио Лидер.
Во рамки на истрагата постојат сомненија и дека одредени криминални дејствија биле потпомагани од полициски службеници кои споделувале информации со членови на групата. Поради тоа биле извршени и неколку претреси кај полициски службеници за кои постои сомнение дека соработувале со дел од осомничените.
Тошковски информираше и дека член на најтесното семејство на еден од осомничените пред неколку месеци бил уапсен од француската полиција, откако во бункер во неговото возило биле пронајдени 10 килограми кокаин, за кои, според информациите што ги изнесе министерот, целта била да бидат донесени во Македонија.
При вчерашните претреси била пронајдена и готовина во износ од над 120-130.000 евра, а биле одземени и околу десет возила, меѓу кои две „Масерати“ и две луксузни возила „Ленд Ровер“. За едното од возилата постојат основани сомненија дека е поврзано со фалсификувана документација. Истражните дејствија продолжуваат и денеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не помина интерпелацијата на Тошковски
Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…
РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ОЧИ МУ КАЖАА…
Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски…
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…